Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед и шпански Виљареал се екипите кои обезбедија пласман во големото финале од Лигата на Европа.

„Црвените ѓаволи“ во полуфиналната пресметка ја елиминираа Рома, додека „жолтата подморница“ беше подобра од Арсенал. Манчестер Јунајтед на „Олимпико“ во Рим изгуби 3-2, но победата 6-2 од првиот меч, се покажа доволна за прогрес во финалето. Виљареал, пак, на „Емирати“ ремизираше 0-0 и ја задржа минимална предност (2-1) од првиот натпревар во Шпанија.

Манчестер Јунајтед и Виљареал силите во финалниот натпревар во Лигата на Европа ќе ги одмерат на 26 мај, три дена пред финалето во Лигата на Шампиони.

OhridNews