„Виа Фарм“ го прошири својот ланец на аптеки. Од денес достапна за охриѓани е петанесеттата аптека која се наоѓа на влезот од чаршијата на улицата „7-ми Ноември“, помеѓу Чинарот и Шпаркасе банка.

Новата аптека од познатиот фармацевтски бренд „Виа Фарм“ уредена во модерен стил нуди широк асортиман на лекови, помошни лековити средства, но и познати брендови за нега на здравјето и разубавување, бебешка програма, ортопедски производи, дентална програма, витамини и минерали, здрава храна и други производи со проверен квалитет и услуга.

Аптеките „Виа Фарм“ се посветени на пружање на професионална услуга во согласност со постоечките стандарди на работење, професионален и етички однос кој овозможува достапност до квалитетни и разновидни лекови и производи, кои ги задоволуваат потребите на пациентите.

Од 2006 година аптеки „Виа Фарм“ постојано ја прошируваат продажната мрежа и ја збогатуваат својата понуда, a денес се препознатлив фармацевски бренд во Охридско-струшкиот регион.

„Виа Фарм“ го прошири својот ланец на аптеки

OhridNews