Како дел од годишната Програма за сообраќајна сигнализација, Општина Охрид спроведува активности за поставување на вибрациони ленти за забавување на сообраќај на булевар „Туристичка“ и улица „АСНОМ“.

Лентите се поставени на коловозот во непосредна близина на пешачките премини, на оние локации кои се утврдени како критични точки во сообраќајот. Целта на овој вид современа хоризонтална сигнализација е да придонесе за намалување на брзината на движење на возилата, со што значително се зголемува безбедноста на пешаците. – информира Општина Охрид.

Според планираното, во текот на наредниот период ќе бидат поставени соодветни забавувачи на сообраќај и на уште неколку сообраќајници на подрачјето на општината.

Со цел да се подобрат условите за велосипедистите и да се обезбеди нивна поголема безбедност во сообраќајот, во текот на изминатите денови беше извршено обележување на велосипедски патеки на улиците „Сирма Војвода“, „Карпош Војвода“, „Питу Гули“ и на улица „АСНОМ“ од крстосницата со булевар „Туристичка“ до крстосницата со улица „Кај Македонија“.

Овие активности се дел од овогодинешната програма на Општина Охрид за поставување на сообраќајна сигнализација. Во текот на наредниот период планирано е да бидат обележани нови велосипедски патеки на уште неколку фреквентни улици. – соопшти Општина Охрид.

OhridNews