Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „одземање моторно возило“, полициската станица од Струга  поднесе  кривична пријава против 38-годишно лице од струшкото село Радолишта.   

– Пријавениот, казненото дело го сторил во периодот од 22/23 минатиот месец на улицата „Туристичка“ во Струга, каде забележал незаклучено  паркирано патничко моторно возило марка „Ауди“ со американски регистарски ознаки. Веднаш, влегол во возилото, ја отворил хаубата, поставил кабли (клеми), го стартувал автомобилот и одземајќи го избегал од местото на настанот, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Одземањето на патничкото моторно возило, во полициската станица  во Струга е пријавено на 23-ти минатиот месец, по што биле преземени неопходните оперативни мерки за пронаоѓање на сторителот.

OhridNews