Три противпожарни возила со седум пожарникари учествуваа во гаснењето на големиот пожар што изби денеска во магацин во поранешното феријално одморалиште во населбата Далјан. Пожарот, кој бил подметнат, пожарникарите успеаја да го локализираат и да спречат тој да се прошири на околните објекти. Во пожарот предизвикана е поголема материјална штета. 

OhridNews