„СЈО против Македонија“, „СЈО слуги на Заев“, „Зошто го браните ПУЧ?“- беше испишано на траспарентите кои ги носеа неколкуте стотина симпатизери и членови на ВМРО ДПМНЕ кои на пладне одржаа мирен собир пред Секторот за внатрешни работи во Охрид каде во тек е информативен разговор со членови на ВМРО ДПМНЕ во врска со финансирањето на партијата и личните донации за време на изборите во 2014 година.
Пред насобраните се обратија пратениците Љубен Арнаудов и Сашо Василевски кои потоа влегоа во зградата на СВР на распит по претходно добиена покана од страна на СЈО. Како што беше кажано на собирот, за членовите на ВМРО ДПМНЕ однесувањето на СЈО е неприфатливо и селективно, поради што не го признаваат и бараат негово распуштање.
СЈО деновиве испрати покана до 200 членови на ВМРО ДПМНЕ за информативен разговор.
OhridNews
Функционери на ВМРО ДПМНЕ од Охрид повикани на разговор во СЈО
















