Ако титулите кај тренерите се показател за тоа, може ли кариерата на еден фудбалер да се оцене како (не)успешна доколку не се освои трофејот со големите уши. За да се освои ЛШ секако треба да се склопат и коцките и бидејќи фудбалот е колективен спорт а не индивидуален. Еве неколку примери на фудбалери кои и покрај своите извондредни кариери не успеале да го подигнат трофејот и победнички да ја запеат најпозната фудбалска химна.

Руд Ван Нистерлој

Три пати беше најдобар стрелец во Лигата на шампиони (2002,2003,2005 година) но никогаш не успеа да ја освои титулата. Во периодот од 2001 до 2006 година играше за Манчестер Јунајтед, (150 меча 95 гола) додека од 2006 до 2010 играше во Реал, но серијата повреди не му дозволи да го покаже својот квалитет. Кариера ја заврши во 2012 година во дресот на Малага.

Павел Недвед

Чешкиот интернационалец настапуваше во дресот на Јувентус во сезоната 2002/03, стигна до финалето на Олд Трафорд, но го пропушти поради суспензија. Јувентус го загуби финалето 3-2 на пенали од Милан. Мала утеха може да биде тоа што ја освои „Златната топка“ таа сезона.

Џанлуиџи Буфон

Еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот исто така нема трофеј во ЛШ. Три пати играше во финалето и сите три пати поразен го напушти теренот. Против Милан 3-2, против Барселона 3-1 и Реал 4-1. Се уште е активен во дресот на Јуве, па има шанса да стигне до титулата.

Франческо Тоти

Вечниот капитен на Рома не успеа да стигне до титулата во елитното клупско натпреварување. 25 години го носеше дресот на волчицата, а најголем успех е пласман во четврфиналето 2007 година , каде сурово беа „испраштени“ од Манчестер Јунајтед со 7-1.

Роберто Баџо

За разлика од Тоти, „малиот Буда“ играше во сите големи клубови во Италија (Јувентус, Милан, Интер) но никогаш не успеа да стигне до титулата. Утеха може да му биде трофејот во УЕФА Купот во 1993 година со Јувентус.

Лотар Матеус

Еден од најдобрите германски фудбалери и капитен на репрезентацијата која 1990 година триумфираше на СП во Италија, Лотар Матеус не се закити со најпрестижното признание на клупско ниво. Најбилску беше 1999 година кога Баерн на „Ноу Камп“ беше поразен од Манчестер Јунјатед со 2-1. Матеус се повлече 2000 година, а „баварците“ наредната сезона ја победија Валенсија во финалето на пенали со 3-2 за титула. Михаел Балак Уште еден германец најде место на оваа листа.

Михаел Балак

со два клуба играше во финалето од ЛШ, 2002 со Баер Леверкузен беше поразен од Реал Мадрид со 2-1, додека 2008 со Челси од Манчестер Јунјатед на пенали со 6-5.

Златан Ибрахимовиќ

31 трофеј има освоено во својата фудбалска кариера играјќи во плејада клубови како Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан , ПСЖ, но никогаш не успеа да ја освои Лигата на шампиони. Актуелниот договор со Милан му истекува на крајот од сезоната, најавено е негово пензионирање.

Роналдо

Најдобрто за крај. „Феноменот“ Роналдо со селекцијата на Бразил ја освои светската круна, имаше импресивна кариера во која сепак остана без трофејот во ЛШ. После одисејата во Интер во периодот од 2002 до 2007 играше за Реал , но тимот на “галактикоси“ не успеа да стигне ниту до финалето а не и да тирумфира во натпреварувањето.

OhridNews