Со 64 гласа „За“, без поддршка на пратениците oд ВМРО ДПМНЕ, Собранието денеска по втор пат го донесе Законот за јазиците, со кој се предвидова широка службена употреба на албанскиот јазик. ВМРО ДПМНЕ која поднесе над 35 000 амандмани кои не беа разгледани, тврди дека законот е неуставен. 

Седницата мина во тензична атмосфера, а за малку беше избегната физичка пресметка меѓу претседателот на Собранието, Талат Џафери и поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Како што јавува телевизија „Телма“, Груевски му пристапи на Џафери зад грб, се наведна над него, додека Џафери ја отвараше точката за јазиците. Притоа Груевски му ја извади картичката на спикерот и истури вода врз документите на претседателската маса.

Џафери даде пауза од 15 минути и револтирано рече дека: „Ова е поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ“.

Собраниското обезбедување интервенираше и ги одвои политичките противници.


Избегната тепачка меѓу Груевски и Џафери -Видео Тв Телма

Пред Собранието денеска се одржува протест против донесувањето на законот за јазиците. Присутните сметаат дека законот не треба да се донесе бидејќи го загрозува унитарниот карактер на државата.

OhridNews