Голем пожар попладневно избувна на планината Петрино, на потегот помеѓу населбите Бараки и Видобишта.

Очевидци за Охридњуз раскажуваат дека ситуацијата брзо ескалирала, а пламените јазици кои зафатиле смрека и ниска вегетација за час стигнале блиску до првите куќи.

Веднаш била алармирана противпожарната служба а до нејзино пристигнување мештаните со лопати и друг алат дејствувале врз пожарот.

Пожарот зафати ниска вегетација и мал дел од борова шума. Дополнителен проблем создаде неповолниот ветар кој пожарот го прошири во правец на куќите. Се интервенираше со три возила и повеќе единици. Пожарот е локалозиран и целосно ставен под контрола,  информираат од ТППЕ  Охрид.

Состојбата е под целосна контрола а опасноста отстранета.

Г.М.