Хеликоптер, за кој очевидци велат дека бил на МВР, предизвика страв и паника кај граѓаните, откако вчера попладнето прениско се спуштил над плоштадот кај стариот Чинар. Од силината на воздушното струење почнале да летаат чадори, столици и маси од околните угостителски објекти, гранки од дрвја, како и делови од тенди и друг инвентар.

Беше навистина страшно. Гостите, вработените, минувачите беа во паника незнаејќи што се случува. Хеликоптерот речиси се спушти на земја кревајќи во воздух се и сешто. Луѓе паѓаа од силината на ветрот  кој се создаде, беше страшно. Стариот орев во близина на нашиот објект за малку ќе се откорнеше, до толку беше навален. Имаме голема штета во објектот, за која во соодветна правна процедура ќе бараме отштета, изјави Стојан Митрески, сопственк на угостителскиот објект „Стар Чинар“.

Од СВР Охрид излегоа со официјален став дека прелетот на пплициските хеликоптери ангажирани викендов во Охрид, се одвивале дтрого по правилата.

Ангажманот на хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи, денеска во Охрид беше во функција на реализирните неопходните безбедносни мерки што се спроведуваа во врска со Регионалниот состанок на шефови на држави и влади од западен Балкан. Единствено слетување и полетување на хеликоптерот е извршено од аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид со еден прелет на подрачјто на градот и со строго придржување кон пропишаните безбедносни стандарди за лет на воздухопловот во градска средина.  – изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Охрид викендов е под силно обезбедување поради мини балканскиот самит, а градот пост ојано го надлетуваат хеликоптери.

OhridNews