Понудата на најголемиот трговски комплекс во овој дел од земјата, „КАМ вилиџ“ во Охрид, од денес е побогата со отворањето на реновираниот, проширен и поубав КАМ маркет, исполнет со нови содржини и исклучителна понуда, која уште веднаш ги освои симпатиите на охриѓани и посетителите од регионот.

По повод реотворањето, во понудата на новиот КАМ маркет се вклучени повеќе акции од типот 1+1 гратис и други попусти, така што потрошувачите имаат шанса да направат навистина економични зделки.

Пекарата во маркетот изобилува со постојано свежи печива кои се печат скоро на секој час, додека пак, во пиљарата, во секое време има извонредна понуда на сезонски и несезонски производи.

Oвој трговски центар од затворен тип во Охрид полека станува една од омилените дестинации за пазарување поради обезбеденото паркинг место, но и бидејќи во склоп на Кам вилиџ влегуваат и нови интересни продажни салони како дрогеријата „dm“ која стартува со работа оваа седмица. 

Распослан на 12.000м2 овој комплекс секојдневно привлекува бројни посетители кои уживаат во услугите на прекрасниот хотел и ресторан „Village“, бистрото за храна со готвени јадења со секогаш супер цени, игротеката „Вања“  (која во моментов не функционира поради пандемијата),  едукативниот центар, како и бројни продажни салони.

Концептот на „Кам вилиџ“ е синергија помеѓу трговијата и забавата, па затоа внатрешниот мини плоштад нуди простор за секаков вид на фамилијарни дружења и прослави – тоа е место за уживање за сите возрасти.

Денес, во новоотворениот маркет на ул. „7ми Ноември“,  потрошувачите имаа можност да дегустираат дел од познатите КАМ брендови како „SechiPechi“, „Bella Farm“, „Milord“, „Saluti“, „Solis“ и „Alpiko“.

КАМ маркетот има цела палета на сопствени брендови кои се подложни на повеќеслојна контрола на квалитетот, но и вкусот на производите.

Изненадувањата во „КАМ вилиџ“ продолжуваат утре, 9-ти јули, кога во маркетот со сметка над 1000 денари, купувачите можат да добијат гратис ранче за на плажа. Саботата, 10-ти јули, пак, е резервирана за семејствата и децата.

Секое дете ќе има можност да нацрта цртеж и потоа да добие ваучер од 3.000 денари, во избор за најдобар цртеж.

На комплексот „КАМ вилиџ“ во Охрид од денес се приклучува и дрогеријата „dm“, единствена на овој познат бренд во регионот. Општествената одговорност на „dm“ како компанија ни овој пат не изостана. Дел од остварениот прометна отворањето, беше дониран во хуманитарни цели на ООУ„Св. Климент Охридски“ од Охрид.

Н. Боздоганова/ Г. Момироски
Фото+видео: А. Момироска/Н. Боздоганова