Уметникот со македонско потекло Андреј Јосифовски кој живее и работи во Белград неможеше да најде подобар начин да му изрази почит и поддршка на Новак Ѓоковиќ. Јосифовски на еден од земјените терени во Белград го нацрта ликот на најдобриот светски тенисер. Сите, воодушевени од ремек делото на Јосифовски му честитаат а се уште се чека реакција на Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ ги остварува нашите соништа. Тој ни е мотивација. Тешко е да се најдат зборови со кои би го опишале неговото значење. Ќе цитирам една реченица од мој другар кој рече „Сите вие кои немате можност да ја видете неговата светлина, ќе останете таму, во мракот на неговата сенка“. Е тој е Новак Ѓоковиќ. – рече Јосифовски за српскиот тенисер.

Маестрален портрет на Новак Ѓоковиќ на тениски терен

OhridNews