130 моторциклисти-членови на Меѓународната полициска асоцијација од Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска и Словенија, денеска продефилираа низ улиците на Охрид

Моторџиите, најнапред го посетија туристичкиот комплекс „Св.Наум“, по што попладнево го започнаа дефилето низ Охрид. Стартот беше на булеварот „Туристичка“ кај „Билјанини извори“ од каде тие се упатија кон кружната крстосница кај „Охридска банка“, а потоа по булевар „Македонски просветители“ до градското пристаниште. За време на дефилето, низ градот имаше соодветни безбедносни мерки.

Учесниците на ИПА мото средбата, денеска имаа и туристичко разгледување на Охрид и бродска пловидба по Охридското езеро. Утре  моторциклистите продолжуваат кон манастирот „Св.Јован Бигорски“. 

Посетата на Охрид и денешното дефиле е во рамките на третата ИПА мото средба на мотоциклисти во организација на Меѓународното полициско здружение ИПА Оддел Македонија и Мото Клуб ИПА Македонија, со подршка на ИПА регион Охрид и СВР Охрид.

Мото средбата започна пред два дена со дефиле низ Скопје од каде, моторциклистите го посетија Крушево и Битола.

Фото галерија:


фото: Анамарија Момироска


Мото дефиле во Охрид

OhridNews
фото: Анамарија Момироска