Снегот на почетокот од пролетта предизвика проблеми во сообраќајот во западна Македонија.

На планискиот премин Стража од 18:10 часот воведува e забрана за тешки товарни возила, информира АМСМ. Забрана за тешки товарни возила се воведува и на патниот правец крак-Маврово-Дебар. Во 18:45 часот е воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид, преку планинскиот премин Пресека.

Граѓани кои вечерваа патуваа прелу Стража и Пресека велат дека коловозот е лизгав и не е исчистен од снег, а на неколку места има излизгани камиони.

Иако надлежните служби соопштија дека на Стража и Пресека на сила е забрана за тешки товарни возила,  фотографиите кои вечерва ни ги испратија граѓани говорат спротивно.

OhridNews