Дека охриѓани имаат големо срце, докажале многу пати. А Ристе Балевски има срце планина. По полумаратонот во Париз минатата година, Ристе вчера успешно го истрча и полумаратонот во Виена, Австрија, кој, исто така, го посвети на лицата со ретки болести.

Ристе учествуваше на трката на сопствен трошок, несебично давајќи им поддршка на тие на кои им е најпотребна.

Поддршка во Виена на Ристе му беше неговото семејство. Моментите од трката ги овековечи неговата сестра Анастасија Балевска.

Охридска поддршка на лицата со ретки болести и на полумаратонот во Виена

OhridNews
фото и видео: Анастасија Балевска

Видео+фото: Силна порака на охриѓанецот Ристе Балевски на полумаратонот во Париз