Мелина и Кристофер имаат македонски корени. Таа живее во Канада, а тој во САД. Минатата година Кристофер ја запросил Мелина токму во Охрид, во неповторливиот амбиент на црквата Св. Јован Канео, едно од најуникатните и најпрепознатливите места на Охридското Езеро на кое се одушевуваат посетителите од сите страни на светот.
Магијата ги освоила вљубените кои решиле љубовта да ја овековечат во Охрид.
Охрид има неверојатна историја која извира од градбите во стариот град. Градот има италијанска, вкусна атмосфера и посакав да го вградам тоа чувство и во моите фотографии. Сакав да го искористам македонскиот талент и затоа допрев до Борче Димоски и неговиот неверојатен тим во „Digital Box“ и ја објаснив мојата визија. Одушевена сум од работата што ја вложија при нашето снимање и со исходот од нашето видео и фотографии. Охрид засекогаш ќе биде моето омилено место на Земјата и втор дом, па оваа локација беше совршена за нашите фотографии, раскажува Мелина зошто со љубовта на нејзиниот живот го избрале Охрид за видео и фотографии на нивната веридба.
Видеото и фотографиите што ги изработи креативниот тим на „Digital Box“ се снимани на повеќе интересни локации надвор од Охрид и во срцето на стариот град. Просторот, пејзажите и амбиентот на автентичен начин се преточени во филмска магија која младите Мелина и Кристофер ја пренесоа преку голема бара.
Мелина и Кристофер се дел од се’ поизразениот тренд кај младите од различни страни на светот кои одлучуваат најубавите моменти од животот да ги овековечат токму во Охрид. Тие ја даваат довербата на креативци од овие простори какви што несомнено има тимот на охридската продукција „Digital Box“, чиј квалитет е меѓународно признат, за што сведочат прекрасните видеа како тоа на Мелина и Кристофер, но и бројните проекти реализирани за светски познати компании како гигантот „Google“, глобалниот сервис за плаќање „Pаy Pal“, вредната автомобилска марка „BMW“ и многу други.
Позитивните искуства, пак, како тоа на Мелина и Кристофер, отвараат можности за развој на еден нов вид туризам, но и за креативна промоција на Охрид и неговите убавини во светот.
Г.М.
Фото и видео: „Digital Box“