Се сеќавате на кадата што неодамна во водите на Охридското Езеро ја пронајдоа нуркачите на „Акватика“? Откако ја извадија од езерото се’ уште стои на плажата Сараиште во центарот на Охрид и чека да биде подигната. До неа сега има и вреќа со плочки која минатата година беше лоцирана исто така во езерските води.

Изминатиот викенд вреќата со плочки од вода ја извади членот на нуркачкит центар „Акватика“ Никола Паскали.

Када, плочки… фалат само уште керамиди и може да почне изградба на апартманче, низ шега коментираат охридските нуркачи.

OhridNews