На IX-от Државен натпревар на учениците кои ја следат Бреинобреин програмата, кој се одржа во Скопје, во силна конкуренција 36 Бреинобреин генијалци од Центарот за развивање вештини БОБ-Црвен крст Охрид се закитија со вредни одличја.

Во Охрид се вратија со 13 трофеи, 13 златни медали и 10 сребрени медали.

 

Успехот не е случаен. Успехот се должи на континуираната работа, посветеност, ангажираност и професионалност од страна на тренерите кои што ја имплементираат Бреинобреин програмата во Црвен Крст Охрид, но и ангажираноста на родителите, посветеноста и максималната доверба што ни ја имаат дадено нам како центар, затоа што тие се една нераскинлива алка која што прави успехот да биде целосен, истакна Валентина Кузманоска, координатор и инструктор во програмата.

Натпреварот, како што информираше Ангела Кузманоска кој е инструктор во програмата, се состоел од два дела, од кои првиот се одржал во просториите на Црвен крст Охрид, додека вториот во Скопје каде биле свечено доделени наградите и се одржале демо презентациите.

Во демо презентациите Центарот од Охрид бил претставен со четири ученици кои што во јуни го завршуваат десеттото ниво, односно ја комплетираат програмата.

Н.С.Ј.

видео/фото. А. Момироска