Актуелниот шампион во Премиер лигата Манчестер Јунајтед со убедливи  5-0 триумфираше на гостувањето во Бирмингем. Роналдо на два пати, Бербатов, Тевез и Видиќ по еднаш беа стрелци  во високата победа на Јунајтед над ВБА.

Мрежата на Едвин ван дер Сар остана негибната 11 меча по ред или 1031 минута со што го подобри рекордот на Петр Чех за шест минути.  


Новото засилување на Астон Вила Емил Хески беше јунак на Фратон Парк ,каде Астон Вила славеше со минимални 1-0 над Порстмут. Серијата од шест натпревари без победа Тотенхем ја прекина на Вајт Харт Лејн  совладувајќи го Стоук со 3-1.

Резултати: ВБА – Ман Ју 0-5, Тотенхем – Стоук 3-1, Сандерленд – Фулам 1-0, Портсмут – Астон Вила 0-1

Денес играат:
Виган – Ливерпул, Челзи – Мидлзброу, Ман Сити – Њукасл, Вест Хем – Хул, Евертон – Арсенал, Блекбурн – Болтон

Табела: Ман Ју 50, Ливерпул 47, Астон Вила 47, Челзи 45 

М.П.