Нео-фашизмот во Грција продолжува да расте, а се позачестени се и испадите на спортските терени. Еден таков потег го уништи прекрасниот погодок на младиот играч на Аек, Јоргос Катидис , кој победничкиот гол во натпреварот со Вериа одигран во саботата го прослави со нацистички поздрав кон публиката.
За „гестот“ тетовираниот 20-годишен фудбалер заработи доживотна забрана за настап во националниот тим на Грција, за кој има еден настап во селекцијата до 19 години.