Кошаркарскиот клуб Анадолу Ефес ги повикал играчите да дојдат на хуманитарен концерт. Им било препорачано да се облечат убаво, но покрај најавената класична музика, ги чекало големо изненадување со скриена камера.

Имено, сред мелодија еден од присутните во концертната сала станал и започнал да ја пее клупската химна, по што му се придружиле и другите гледачи. Играчите на Ефес пријатно изненадени им се придружуваат на навивачите.

OhridNews