Успехот не е случаен. Патот до тронот е полн со предизвици, наречен тренинзи и само тренинзи. Тајниот рецепт на секој спортист се тренинзите, бидејќи талентот секој го поседува.

Руската репрезентативка во пливање, Јулија Јефимова на социјалните мрежи објави исечок од тренинзите, кои, ги изведува во домот, каде го поминува задолжителниот карантин поради пандемијата на коронавирусот. Тренинзите на 28-годишна пливачка ги импресионираше пливачите и сите спортисти, кои, со воодешувување и честитаа на Русинката. Погледнете!

Дека успехот не е случаен говорат нејзините бројни медали од големите натпреварувања. Јефимова златен медал освојуваше на Светските првенсва во Рим 2009 година, Барселона 2013 година, Казан 2015 година, Будимпешта 2017 година и Гванжу 2019 година. Нејзина дисциплина е градно пливање на 50, 100 и 200 метри.

OhridNews