Неколку земјотреси денеска го потресоа Охрид. Најсилниот со јачина од 4 степени според Рихтер се случи во 11.39 часот.
Охриѓани се загрижени, бидејќи тлото под градот се тресе веќе десетина дена, период во кој во Охридскиот регион се регистрирани над 800 земјотреси, во најголем дел со слаб интензитет. Најсилниот според сеизмолозите бил токму денешниот со интензитет од 4 степени според Рихтер, кој освен вознемиреност кај населението, предизвика и помали оштетувања кај постари објекти.
OhridNews











