Диџеј крејзи Славе е вистинска урбана легенда. Со децении тој е активен на македонската клупска сцена, чиј неприкосновен владател бил долги години. И денес Славе Келешоски, алијас Dj Crazyu Slave, во себе ја носи таа силна енергија и немирен дух. Иакo по враќањето од САД каде живееше подолг период сериозно влезе во бизнис отворајќи ja пицеријата Dj Pizza во Охрид каде има и апартмани за сместување, Славе не се откажува од музиката. Тој повремено настапува во клубови и кафетерии во земјава, а неговите извонредни ретро сетови со уживање ги слушаат новите генерации. Ѕидовите на неговата Dj Pizza се излепени со стотици статии и фотографии кои сведочат за неговата богата кариера. 

Екслузивно за Охридски разговори Dj Crazy Slave ја раскажува животната приказна и открива интересни детали за неговата извонредно успешна кариера. Погледнете зошто Dj Crazy Slave е осуден на вечност.

OhridNews