Тропските горештини што деновиве ја зафатија земјава предизвикаа неколку поголеми пожари во охридско и струшко. Повеќето беа на отворено, но еден се случи во урбана средина, односно во шумата во стариот дел на Охрид. Според очевидци се почнали за миг, а огнот брзо се проширил. Веднаш била известена противпожарната единица во Охрид која за кусо време целосно го стави под контрола и изгасна пожарот.

Наредниве денови не очекува температурно освежување проследено со врнежи од дожд, што барем за малку ќе ја намали опасноста од пожари на отворено. Сепак потребно е внимание и почитување на препораките за безбедно однесување во природа и палење оган на отворено, дотолку повеќе што во над 95% причина за човекот е човечки фактор.

OhridNews