Триесет и три годишниот Митко Топејнчаров од населбата Варош по четврти пат го фати чесниот крст што денеска на празникот Богојавление – Водици, беше фрлен во осветените води на Охридското Езеро.



Меѓу речиси 1000 верници кои скокнаа во студените води Топејнчаров прв стигна до чесниот крст кој  во Охридското Езеро го фрли владиката Тимотеј.


Митко Топенчаров по четврти пат го фати чесниот крст

Спектаклот по повод големиот православен празник Богојавление кај градското пристаниште го проследија околу 20.000 верници. Амбиентот беше збогатен со културно уметничка програма, а на повеќе пунктови бесплатно се делеше вино и греана ракија.

Денеска тајфата на фаќачот на чесниот крст ќе ги обиколи домовите во Охрид, а на посебна свеченост вечерва тој ќе биде даруван од кумовите на годинешните Водици Олег Маленко, Борче Маркулески и Христијан Шапкар.

Успешен организатор на манифестацијата и оваа година беше здружението за целосна афирмација на МПЦ – „Богојавление“.

Г.М.