Млада мечка се спуштила од падините на Галичица непосредно до селото Пештани. Мечето било забележано вчера околу 18 часот во близина на селото после хотелот „Десарет“ од спротивната страна, во месноста Јамче дол. 

Необичниот настан го привлече вниманието на десетици жители на Пештани. Очевидец сведочи дека младото мече по извесно време се одалечило од селото и заминало во правец кон Јамче дол. Освен мала вознемиреност, младата мечка која се појавила вчера на планината над Пештани не предизвикала никаква опасност, ниту штета.

OhridNews
видео и фото: Кристијан Башоски