Несовесно и опасно управување со мотори во рамки на паркинг просторот на Ohrid Mall е забележано во повеќе наврати изминатиов период со што се доведува во прашање безбедноста на минувачите.

Од менаџментот на Ohrid Mall реагираат за ваквите инциденти, посочувајќи дека за истите ќе побараат одговорност пред надлежните институции.

Со возење со прекумерна брзина, возење на едно тркало, како и изведување ризични маневри и паркирање на несоодветни места директно се загрозува безбедноста на посетителите, закупците и вработените во Ohrid Mall, посочуваат.

Воедно информираат дека сите вакви инциденти се евидентирани преку системот за видео надзор и безбедносните камери на трговскиот центар.

Истите ќе бидат доставени до надлежните институции за понатамошно постапување, со цел соодветно санкционирање, потенцираат од менаџментот на Ohrid Mall.

OhridNews