Невреме проследено со обилни врнежи врнежи од дожд, силен ветер и електрични празнења, попладнево околу половина час беснееше во Охрид.


Според најавите на метеоролозите нестабилно време не очекува и во наредните денови, кога под влијание на студена влажна воздушна маса која продира од север, температурите ќе се спуштат и за 10 степени.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), пообилни врнежи ќе има во понеделник и вторник кога локално се очекува да наврнат повеќе од 30 литри на метар квадратен. Температурата ќе опадне за околу 10 степени.

Се очекува постепено стабилизирање на времето да настапи од четврток.

УХМР препорачува поголема внимателност во случај на електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

OhridNews