Охриѓанецот Александар Петрески објави уште една интрументална композиција од неговиот серијал „Calmness“.
Оваа композиција ја претставува петтата инструментална приказна инспирирана од природната убавина и магијата на Охридското Езеро. Секоја година преку музика се обидувам да доловам различен момент, чувства или слика за тоа како го доживувам ова свето и бескрајно инспиративно место. Оваа година продолжувам со таа традиција, верувајќи дека музиката може да зборува таму каде што зборовите замолкнуваат. Се надевам, а и работам на тоа, дека еден ден целата колекција Calmness ќе ја издадам како самостоен албум со инструментална музика инспирирана од езерото и Охрид, вели Петрески.
Петрески се потпишува како комплетен автор на музиката, текстот, аранжманот и видео продукцијата.
OhridNews