Вечерва во кафѐ и бар „Шила“ се одржа промоција на првиот видео запис на младиот охридски бенд “Броз“ за песната “Каде ми си ти“. Спотот е дело на „Шпанец продукција“ на Томе Љушев, монтажата е на Кристијан Љушев, а е реализиран во соработка со Ансамбл “Билјана“ и помагатели.

Екслузивно првиот спот на „Броз“ погледнете го на „OhridNews“.

На промоцијата на првиот видео спот на „Броз“ во „Шила“ присуствуваа голем број обожаватели, и пријатели на бендот.

Бендот Броз постои повеќе од една година, но во оваа формација од мај месец. Членови се Владимир Сарафилоски, Климент Наневски, Александар Трифуноски и Христијан Томевски.

“Свириме македонска евергрин музика, забавна и нај познатите екс-ју хитови, со кратки зборови свириме сѐ што е добро.“ – велат од бендот и изразуваат голема благодарност до сите спонзори и пријатели без кои немаше да се реализира ова дело.

Фото галерија:

OhridNews