Само еден случај на врсничко насилство во основно училиште досега е пријавен во СВР Охрид, со физички напад од ученик врз соученик, при што нанесени се тешки телесни повреди. Во овој период остварен е и контакт со родител на друго малолетно лице поради констатирани несоодветни однесувања со укажување на родителот за поголема грижа со цел елиминирање на начините на врсничко насилство.

Во оваа насока продолжуваат едукативните кампањи на СВР Охрид за врсничко и сајбер насилство, но и вклученоста на училиштата во справување со овој проблем.
Н.С.Ј.
видео. Б. Стојаноски













