Невладината „Струга бојкотира“ објави видео од Заводот за нефрологија, на кое се гледа како најгорниот кат плива во вода по синоќешните врнежи од дожд. На видеото може да се забележи како водата тече од прокиснатиот покрив во собите на пациентите и низ ходниците.

Струшка болница? – "дијализа" вечерва… ?

Geplaatst door Струга Бојкотира op Dinsdag 10 september 2019

Струшка Дијализа за жал е сликата на македонското здравство во 21 век, револтирано коментираат граѓаните.  Условите во јавното здравство се исклучително лоши, што е една од причините за масовниот одлив на кадри во странство или во приватниот сектор.

Од Заводот за нефрологија во Струга информираат дека проблемот со покривот е од поодамна и дека бил распишан тендер за негова промена, кој бил поништен. Најавуваат дека есенва ќе биде распишан нов тендер, но нејасно е дали во скоро време ќе биде решен проблемот со покривот во Заводот за нефрологија, со оглед на тоа дека претстојат неповолни времекси услови за такви градежни активности.

OhridNews