Синоќа во клубот „Кадмо“ беше промовиран видео-запис за новиот сингл на охриѓаните Петар Маркоски и Горан Папаз, насловен како „Еден живот“.

Песната е снимена во „Sustain Studio”, а темата е авторско дело на Петар Маркоски и Даниел Јовески, во арнжман и продукција на Јовески и Вулнет Ибраими.

Би искажал голема благодарност до целата екипа која работеше на овој проект, честа и задоволството беа на моја страна што имав можност да соработувам со витински професионалци, а воедно и мои многу драги пријатели, Горан Папаз, Даниел Јовески, Ристе Филипов, Глигор Плевнароски и јагодката на шлагот, девојката која го направи овој видео запис посебен, Моника Коцарева. Ова е една моја многу драга песна, затоа што јас се појавувам како текстописец на истата и секако во музичкиот дел заедно со Даниел Јовески. Тоа е едно дело добиено благодарност на сите луѓе кои се појавиле во мојот живот споено со нашата секојдневна реалност. Се надевам дека оваа песна ќе успее да внесе барем малку позитивна енергија и ке украде барем мала насмевка на вашите лица.“ – вели Петар Маркоски.

OhridNews