На автентичниот простор на Античкиот театар во Охрид, на 2-ри август, Македонската фиилхармонија и светски познатиот диџеј Дерик Меј, одржаа необичен концерт под диригентската палка на сестраниот уметник Џијан Емин. Концертот всушност беше спој на класична и електронска музика. Два дена по него, не стивнуваат реакциите во јавноста. На дел не им се допадна модерната комбинација на Антички, па имаше и такви кои порано си заминаа, но затоа останатиот, поголем дел од присутните, уживаа во забавата која кулминираше на крај од концертот со стоечки овации.

Како изгледаше разиграниот Антички тетар во Охрид, може да погледнете на следното видео:


Dj Derreck May и Македонската филхармонија на Античкиот театар во Охрид

OhridNews