Синоќа, по 22 пат, во Охрид се одржа познатиот детски фестивал „Распеано Рибарче“, кој оваа година од добро познатите причини се одржа во малку изменет формат и амбиент, без присуство на публика.

Но тоа не го намали квалитетот на манифестацијата, напротив, младите и креативни изведувачи заедно со  харизматичниот водител Вик Каракотски, на гледачите покрај тв екраните, компјуетрите и смартфоните, им приредија одлично музичко шоу.

Песните се снимаа во ИН Тв со запазување на мерките за здравствена заштита, која го емитуваше „Распеаното Рибарче“ низ земјата во соработка со тв станици од сите региони, како и во Австралија.

Како и во изминатите 22 изданија за песните се погрижија продуцентите Димче Китрозоски, Јовица Карајлевски и Методија Бараковски.

Фестивалот е поддржан Министерство за култура.

OhridNews