Водечките во Премиер Лигата, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед прокнижија нови три бода откако триумфираа над Стоук со 3-0 односно Фулам 5-0. Убавата вечер за фаворитите ја заокружи Арсенал победувајќи на гостувањето кај Астон Вила со 2-1. Ливерпул одигра без голови 0-0 со 18-то пласираниот на табелата Виган.

Резултати: Фулам – Мен Ју 0-5, Мен Сити – Стоук 3-0, Астон Вила – Арсенал 1-2, Виган – Ливерпул 0-0, Њукасл – ВБА 2-3, Евертон – Свонси 1-0, КПР – Сандерлен 2-3.

Табела : Мен Сити 44, Мен Ју 42, Тотенхем 34(-1), Челси 32 (-1), Арсенал 32, Ливерпул 30. . .