Во црквата Свети Никола во долна Влашка Маала, деновиве поставен е нов мермерен под и подно греење, со што може да се каже дека се финализира целосната реконструкција на црквата која започна во 2008 година. 

Како што раскажува Отец Сашо Ристески, парохиски свештеник во црквата Свети Никола, реконструктивните  работи започнале пред 2008, кога била срушена старата градба и на незјзино место, првично, се изградиле просторија за продажба на свеќи, канцеларија, влез, се доградила крстилница за кршетевање.


Моја желба и на црковниот одбор  е овој храм да биде еден од најубавите во градот и за тоа максимално се грижиме. Во изминатите 20 години, храмот беше неактивна црква во парохиска смисла. Немаше секоја недела служба и парохиски свештеник кој ги извршува тие служби. Од јануари 2008, со одлука на Владиката Тимотеј сум поставен за свештеник и црквата стана парохиски активна, а задоволството е уште поголемо поради фактот што последните три години се поголем е бројот на верници кои редовно доаѓаат, вели Отец Сашо. 


Изградена е камбанарија и поставено е ново звоно, а во јануари годинава и нов иконостас од ореово дрво, изработен во резба.


 
Поголемиот дел од градежните работи и внатрешното уредување финансиски се покриени преку донации. Новиот мермерен под и иконостасот, во целост, се донација на Љубе Јовчески од Скопје. Морам да ги споменам и останатите кои ја помогнаа реконструкцијата- Јован Милошески при набавката на камбанаријата и сега реставрацијата на иконите, Климе Талев, кој помогна за поставувањето на олтарот и новиот престол. Благодарни сме и на сите останати кои донирале макар и еден денар, секој според можностите, но најважно е тоа да биде од срце, потенцира Отец Сашо.

Околу значењето на големиот празник кој ни претстои и обичаите, повеќе во најновото издание на “Охридски разговори”.

Т. Кувенџиска