Воздухопловниот ВИНГ на АРМ, деновиве над Охридското Езеро спроведува летечка обука. Во вежбата се вклучени два хеликоптери Ми-8/17, како и специјалните сили на армијата.

Воената вежба на македонската армија го привлече вниманието на минувачите на охридскиот кеј, кои имаа ретка можност во акција да го видат воздухопловниот ВИНГ на АРМ.

Во рамки на обуката, вчера попладнето пред Кампот за обука на АРМ кај каналот „Студенчишта“ имаше отворен ден, каде што граѓаните можеа да видат дел од леталата и опремата со која располага воздухопловниот ВИНГ,

Г.М.