Со голем огномет и музика охриѓани и илјадниците гости на ривиерата ја дочекаа Новата 2010-та година.

На невообичаени +11 степени Целзиусови на градскиот плоштад беше весело и забавно, а за атмосферата се погрижија „Аренси бенд“ и гостинот од Србија, Бојан Бјелиќ. Весело  беше  и во кафулињата, рестораните и хотелите каде илјадници гости го славеа дочекот на Новата година.

Празничната еуфорија доживеа кулминација на полноќ, кога со голем
огномет беше означено доаѓањето на Новата година.




Нека ни е среќна и бериќетна Новата 2010-та година