Нуркачите и оваа година ја продолжија традицијата и ја накитија подводната новогодишна елка во Охридското Езеро. За прв пат тоа го направија на две локации во Градиште и на изворите на Дрим во Св. Наум. Опремени со новогодишни реквизити, музички инструменти и подароци нуркачите од Македонија и Албанија приредија вистинска подводна журка, која заврши со пиење шампањско во студените езерски води. Ексклузивни снимки од подводното китење на новогодишната елка може да погледнете тука: