Стружанецот Драган Пејоски, кој деновиве беше нападнат од чопор бездомни кучиња, пред медиумите го раскажа непријатниот настан. Тој вели дека нападот бил неочекуван и страотен, а се сомнева дека доколку на место него кучињата нападнеле дете, дека тоа ќе преживеело. За немилиот настан сведочи и очевидец кој меѓу првите му помогнал на несреќниот стружанец. 

OhridNews