Најмалку 19 лица ги загубија животите, од кои 13 се деца, во пожарот што вчера се случи во трговскиот центар „Вилаџио“ во катарската престолнина Доха.

Децата настрадале во градинката која работела во склоп на центарот, а животот го загубиле и 4 воспитувачки. Преостанатите две жртви се припадници на цивилната служба за заштита, пренесуваат катарските медиуми.


Се претпоставува дека пожарот во трговскит центар избувнал во градинката која била дел од забавниот комплекс.

OhridNews