Центарот на Охрид деновиве личи на сцена од акционен филм. Хеликоптери ниско прелетуваат над старото пристаниште каде се истовараат вооружени полицајци, се слушаат детонации, а од време на време над езерото се издигаат чадни завеси. Како што веќе информиравме се работи за подготовки на полицијата за вежба која според најавите ќе се одржи на оваа локација на 5-ти мај.

Граѓаните со кои поразговаравме велат дека ги изненадила глетката, a некои рекоа дека им е интересно. Дел имаа слушнато дека се работи за вежба, други не. Но речиси сите беа воздржани дали центарот на Охрид каде секојдневно поминуваат туристи е соодветна локација за ваква активност.

Полицијата најави дека вакви активности ќе има и во наредните денови и упати апел до граѓаните да не се вознемируваат бидејќи во текот на подготовките ќе се употребуваат техничко-тактички средства и опрема и ќе се гледаат и слушаат симулации на решавање на разни ситуации од страна на полицијата. 

OhridNews

Хеликоптерите и вежбовната пиротехника ги вознемирија гостите и охриѓани

Неколкудневни подготовки за голема вежба на полицијата кај градското пристаниште