Ракометарите на Вардар со триумф ја започнаа новата сезона во регионалната СЕХА лига, победувајќи ја Војводина со 25-21 (15-10), на домашен терен во „Јане Сандански“. 

Долгиот период без натпревар и репрезентативниот ангажман на дел од играчите не остави трага кај „вардарци“. Пулените на Стефче Алушовски во првиот дел го решија прашањето околу победникот, обезбедувајќи предност од пет голови.  Гостите во второто полувреме се заканаа, но успеаја да намалат еден погодок со кој го ублажија поразот, 25-21.

Крилата Гоце Георгиески и Тимур Дибиров реализираа по четири голови, а по три пати прецизни беа Димитар Димитриоски, Глеб Калараш и Марко Вујин. Кај гостите најефикасен беше Младен Сотиќ со шест голови.

Во вториот натпревар од регионалната СЕХА лига, Вардар ќе се сретне со Нексе од Хрватска. Мечот се игра на 1 февруари.

OhridNews