Втор ден во Охрид во организација на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ се одржа протестен марш на кој присуствуваа голем број граѓани, кои продефелираа низ центарот на градот. На градскиот плоштад пред охриѓани се обратија познати личности меѓу кои актерот Владо Дојчиноски.
– Сите што сме дојдени на овој протест денеска, вчера и сите денови понатака овие толпи народ кој ги има во Охрид, Скопје, Штип и низ сите градови низ Македонија сме со една цел да ја заштитиме нашата земја. Луѓето што сме собрани овде можат да не викаат како што сакаат, но едно треба да биде јасно дека ние ја сакаме оваа земја и не прифаќаме никакви туѓи платоформи. Се додека оваа наша земја не е зачувана како што треба ние ќе излегуваме и ќе протестираме. – рече Дојчиноски.
Втор ден граѓански протест во Охрид.
OhridNews













