Српскиот интернационалец Немања Видиќ поради повреда на бутниот мускул ќе го пропушти мечот на сезоната во Премиер лигата меѓу Манчестер Јунајтед – Манчестер Сити.

Градското дерби на Манчестер е закажано за в понеделник во 21:00 часот, а “црвените ѓаволи“ со триумф во него ќе ја осигураат 20-та титула во Премиер лигата.

Местото на повредениот Видиќ ќе го заземат Џони Еванс или Крис Смолинг, а еден од нив ќе му прави друштво на Рио Фердинанд. Во составот на Јунајтед по пауза од една седмица ќе се вратат Вејн Руни и Бразилецот, Рафаел.

Според најновите статистики капитенот на Јунајтед, Видиќ процентуално е најдобриот фудбалер во екипата во целата историја затоа отсуство на Србинот и тоа како лошо ќе дојде за Сер Алекс Фергусон пред дерби средбата со градскиот ривал.

Мх.П.