Викендов ЈП „Охридски комуналец“ продолжува со реализирање акциите за подигнување на кабаст отпад, кои согласно годишниот календар е предвидено да се спроведат во пролетниот циклус во месеците мај  и јуни.

Се информираат граѓаните дека на 10- ти мај, сабота, се организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.)  во реонот опфатен со границите на улиците „Македонски Просветители“, „Партизанска“, „Димитар Влахов“ ,  „Кеј Маршал Тито“  и населба „Охридати“.

Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

OhridNews