Невообичаено високите температури, ќе ги имаме уште денеска. Според метеоролозите викендов ќе настапи заладување кое ќе донесе врнежи од дожд и снег.

За сабота 2 јануари се предвидуваат минимални температури од 2 до 7 степени, а дневните ќе достигнат од 4 до 10 степени.

Во недела 3 јануари минималната температура ќе се движи од -4 до 2 степени, а дневната нема да биде повисока од 3 степени.

Уште поладно ќе биде во понеделник кога минималната температура на места ќе се спушти и до -12 степени. Максималната температура ќе се движи од -4 до 3 степени.

Ohridnews