Викендов портокалова фаза во повеќе региони, во Охрид-жолта
14.07.12 00:03
Дневните температури во одредени региони во земјава викендов ќе го надминат 40-от степен Целзиусов и ќе навлезат во таканаречената портокалова фаза, опасна по здравјето на луѓето. Топлотниот бран со висок УВ индекс од портокалова фаза ќе ги зафати југоисточните делови од земјата, Пелагонија и скопската котлина.
Во Охрид викендов температури од таканаречената жолта фаза, втора по опасност. Максималната дневна температура денеска во охридско ќе достигне до 34 степени, а УВ зрачењето ќе биде исклучително високо и ќе достигне индекс 9.
Температурата на водата во Оридското Езеро според последните мерења извршени вчера, изнесува 26,5 степени Целзиусови.
Многу топло време ќе имаме и во недела, а веќе од понеделник се очекува драстичен пад на дневните температури кои во вторник и среда ќе бидат за десетина степени пониски од денешните.
Со свеченост денеска беше означен почетокот на изградбата на автопатската делница Букојчани – Кичево, значаен сегмент од Коридорот 8 и уште еден чекор кон целосно автопатско поврзување на Охрид и С...
SPAR го отвора својот прв маркет во Охрид во среда, 14 октомври, во 14 часот, во Охрид мол Брендот што започна како идеја за заедништво во 1932 година ја продолжува својата приказна во Охрид, носеј...
Од денеска, 12 октомври, започнува примената на системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ на подрачјето што го покрива СВР Охрид По завршувањето на техничките проверки и финалните тестирања, ка...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.